„Призма“: Албанската „Ѓока констракшн“ ќе стопанисува со паркингот на Клинички центар соопшти Таравари
Само една компанија се јавила на огласот за јавно-приватно партнерство
Компанијата „Ѓока констракшн“ од Албанија преку јавно-приватно партнерство ќе стопанисува со паркингот на Клиничкиот центар Мајка Тереза. Ова за БИРН го потврди министерот за здравство, Арбен Таравари.
На огласот, кој беше распишан на 15 ноември се јавила само „Ѓока констракшн“. Компанијата е формирана во Тирана во 1994 година, од 2022 има регистрирано подружница и во Скопје.
Таа ќе стопанисува со паркингот во следните 20 години, а како што објави „360 степени“, во огласот се превидува приватниот партнер да изгради две катни монтажни гаражи, да стопанисува со целиот паркинг на Клинички, а за возврат државата да добие еден отсто од вкупните остварени годишни приходи.
Целиот текст може да го прочитате тука.