„Призма“: Коњи шетаат, институциите чекаат инцидент

Неретко коњи се движат или се хранат по паркови, тротоари и на улици во урбани средини, каде што воопшто не им е местото. Иако речиси е нормализирано нивното присуство на јавните површини, сепак, необична случка за време на скопскиот маратон вознемири многумина, пишува „Призма“.
Вирална стана фотографијата од кобила што се породи сред улица во Карпош и оваа вест во фокус врати еден секојдневен и долгогодишен проблем – присуството на добиток во урбаните средини.
Повеќе институции се одговорни за коњите во урбаните средини / Фото: „Призма“
Животните ги уништуваат жардиниерите и другите делови од јавните средини, а пречи и е опасно нивното учество во сообраќајот. Дополнително непријатно е нивното присуство во близина на луѓето зашто може да бидат непредвидливи и потенцијално да повредат некого.
Од друга страна, пасењето по паркови и справувањето со возила по градските улици се лоши за благосостојбата на животните, додека породувањето на улица е само еден меѓу најекстремните примери за негрижа и запуштање на коњите.
За да се тргнат кобилата и ждребето од сообраќајот, реагирале неколку институции.
Во Карпош, ова е далеку од прв инцидент бидејќи жителите подолго време се жалат дека забележуваат коњи што пасат по парковите и се движат по улиците. А, секојдневно сведоци сме на запрежни коли што се движат по сообраќајниците во другите делови на Скопје, а и во градовите од внатрешноста.
Целата сторија на „Призма“ е достапна на следниот линк.






