Продолжениот викенд направи гужва на граничните премини

Од камерите поставени на граничните премини може да се забележи дека утрово најмногу возила за влез во соседна Грција има на „Богородица“, додека на „Меџитлија“ кај Битола тој број е помал.

На граничните премини кон Србија утрово не се забележани поголем број на возила.

Од Автомото сојузот на Македонија информират дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен и оти на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

 

Back to top button
Close