Продолжува откривањето нелегално оружје во северно Косово, уапсено лице од српска националност во Звечан


Косовската полиција и денеска продолжи со акциите за откривање нелегално оружје во областите во северно Косово, населени со мнозинско српско население, овој пат откривајќи рачни гранати, пушки и муниција во село во општината Звечан, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во соопштението на полицијата по денешната акција се наведува дека во селото Грабовац кај Звечан е упасен 56-годишен маж од српска националност, идентификуван со инцијалите Д.Р., во чија куќа е откриено нелегалното оружје.

„На 22.11.2024 година, по добиени информации за сомнение за оружје и муниција, полициските единици веднаш презедоа дејствија при што извршија проверка во Звечанското село Грабовац. Контролата е извршена во куќа и во придружен објект. При претресот пронајдено е оружје, муниција и експлозивни средства“, соопшти полицијата.

Како доказ кој е пронајден, одземени се две експлозивни направи М-52 (рачни бомби), две автоматски пушки АК-47, една пушка М-48 (карабин), 86 куршуми за АК-47, 35 куршуми за М-48 и три рамки за куршуми за АК-47.

„Во врска со случајот лишено од слобода е лицето (Д.Р.), роден 1968 година, кое е придружено во полициска станица и со истиот во присуство на бранител е извршен разговор. Сите преземени дејствија се изнесени на обвинителот на случајот, при што по извршениот разговор, со решение на обвинителството, на осомничениот му е одреден притвор во траење од 48 часа. Заблагодарувајќи им се на граѓаните за соработката, полицијата останува посветена на давање услуги на целата заедница без разлика“, се наведува во полициското соопштение.

Полицијата на Косово, во врска со неколкуте случаи на откривање на илегално оружје, муниција и војничка опрема во северно Косово во последно време, тврди дека средствата кои се откриени најверојатно имаат врска со терористичкиот напад на српска група на 24 септември минатата година во Бањска кај Звечан, во кој беше убиен припадник на косовската полиција, а во престрелката што уследи и тројца од напаѓачите

Back to top button
Close