Продолжуваат изненадувањата на Ролан Гарос, Италијанецот во Коболи полуфиналето

Ново изненадување на Ролан Гарос откако попладнево Италијанецот Флавио Коболи го елиминираше шестиот носител Феликс Оже-Алисиме. Тој во четвртфиналето со 3-1 во сетови (4:6; 6:4; 6.4 и 6:4) во меч што траеше 3,5 часа. Воедно на тој начин обезбеди Италија да има претставник во финалето бидејќи во полуфиналето ќе игра против победникот од мечот на неговите сонародници Матео Беретини и Матео Арланди.
Оже-Алисиме го доби првиот сет и поведе со 1:0, а во вториот сет поведе и со 3:1 во гемови, но тогаш Коболи направи пресврт со серија од 5:1 и го доби сетот со 6:4 и изедначи на 1-1 во сетови.
Во третиот сет Коболи спаси седум брејк топки, а успеа да направи еден брејк и го доби сетот повторно со 6:4, а во четвртиот сет Италијанецот брејк направи во петтиот гем и без проблем го доби сетот и мечот.
Во второто полуфинале ќе играат Александер Зверев и Јакуб Меншик. Двата полуфинални меча кај мажите се играат во петок






