Проекција укажува на екстремно покачување на температурите во САД

 

 Во рок од 30 години во САД ќе се развие појас на екстремни горештини, што ќе се протега од Луизијана преку Средниот Запад се до езерото Мичиген во северните делови на државата, предупредуваат експертите.

Таа област во која живеат повеќе од сто милиони Американци што зафаќа четвртина од САД, во 2053 ќе се соочува со најмалку еден екстремно топол ден кога температурата ќе достигне 51 степен Целзиусов, се посочува во извештајот изготвен за непрофитната организација „Фрст Стрит Фаундејшан” со седиште во Њујорк.

Моментално областа зафаќа површина од 50-тина окрузи, со популација од осум милиони луѓе. За 30 години таа површина ќе зафаќа над илјада окрузи од сојузните држави Тексас, Луизијана, Арканзас, Мисури, Илиноис, Ајова, Индијана и јужните делови на Висконсин, се наведува во проекцијата базирана врз умерените сценарија на научниците за клима во Меѓувладиниот панел на ОН за климатски промени.

Покрај можноста од екстремни температури, се предвидува и локално покачување на просечната температура во делови на САД. Областите каде сега има по седум дена во годината со натпросечно високи температури за 30 години ќе се соочат со по 18 такви дена годишно.

Најголемо зголемување на таквите опасни денови карактеризирани со температури до 38 степени Целзиусови степени ќе има во јужните делови на САД. Многу од областите во близина на Мексиканскиот Залив веќе бележат сто такви денови годишно. Проекциите говорат дека во 2053 година во тие области ќе има повеќе од 120 такви дена во годината.

За 30 години големи делови на Тексас и на Флорида ќе бидат зафатени со топлотни бранови од по 70 и повеќе последователни дена со температури над 38 степени Целзиусови.

Back to top button
Close