Проектил погодил танкер кај Катар – Белата куќа најави итно обраќање на Доналд Трамп
Танкер е погоден со проектил во близина на Катар, во нова ескалација на конфликтот меѓу САД, Израел и Иран. Паралелно, Белата куќа најави важно обраќање на претседателот Доналд Трамп, без да открие детали за содржината.

Во меѓувреме, Техеран соопшти дека е уништена постројка за десалинизација на вода на ирански остров.
Цената на суровата нафта Brent забележа раст од дури 64% во март – најголем месечен скок од Заливска војна. Во моментов, цената се движи околу 105 долари за барел, а аналитичарите предупредуваат дека продолжување на конфликтот може дополнително да ја зголеми цената iнарушувањата во транспортот на нафта остануваат клучен ризик.
И покрај тензиите, азиските берзи пораснаа откако Трамп најави можност за повлекување јапонскиот индекс Nikkei 225 порасна за околу 4%, a јужнокорејскиот Kospi скокна за повеќе од 6%






