Професорите од Белград бараат заштита од насилните ученици

Во текот на вчерашниот ден во Белград, просветните работници протестираа барајќи помош од државата поради зачестеното насилство во училиштата низ Србија.

Тие побараа измени на законската регулатива за подобра заштита на вработените во училиштата, како и барање за зголемување на платите за 25 отсто.

Протестите се резултат на неодамнешниот инцидент кога ученици во средно училиште ѝ го извадија столот за наставничката која падна до столот, а целата работа беше снимена и објавена на социјалните мрежи.

Back to top button
Close