Прогласени за виновни: Поранешните водачи на ветераните на ОВК добија по 4 ипол години затвор

Специјалниот суд за воени злосторства во Хаг ги прогласи за виновни поранешните водачи на Организацијата на воени ветерани на ОВК, Хисни Гучати и Насим Харадинај, пренесе ТВ 21.

Тие се осудени на 4 ипол години затвор, сметајќи го времето поминато во притвор. Гучати и Харадинај беа ослободени од обвинението за одмазда.

Насим Харадинај е братучед на Рамуш Харадинај и бил потпретседател на Здружението на ветерани на Ослободителна војска на Косово.

Водачите на Организацијата на воените ветерани на Ослободителната војска на Косово, Гучати и Харадинај беа обвинети од Специјализираното обвинителство (СЈО) за кривични дела против спроведувањето на правдата, поточно за попречување на службени лица во извршувањето на нивните должности.службено, заплашување на сведоци, за одмазда како и повреда на тајноста на постапката.

Back to top button
Close