Промовирана првата книга со ромски бајки
Во Europe House Bitola се одржа промоција на првата книга со ромски бајки.
,,Оваа книга е повеќе од збирка приказни таа е мост помеѓу генерациите, начин да се зачува богатото усно наследство на ромската заедница и да се пренесе на идните генерации. Досега, овие приказни се прераскажуваа од уста на уста, но сега, за првпат, тие се зачувани во пишана форма, достапни на осум јазици, вклучувајќи го и македонскио” велат издавачите.
Низ овие бајки се откриваат историјата, културата и традициите на ромската заедница, создавајќи простор за разбирање, почит и признавање на ромските права и човековите права.
За идните генерации, ова не е само книга ова е сведоштво дека секоја култура заслужува да биде слушната, запишана и почитувана. Време е приказните да продолжат да живеат не само со зборови туку и на хартија.
Книгата е дел од соработка во рамките на проектот “Sasas Jekhvar Jekh. Once upon a time – and now” во соработка со НУ Универзитетска Библиотека “Св.Климент Охридски”-Битола и Jugendstil. (трн.мк)