Пронајдена мртва главната уредничка на руската државна телевизија и нејзиниот бивш сопруг. Сомнеж е дека биле отруени

Главниот уредник на руската државна телевизија Кубан Зоја Коновалова (48) е пронајдена мртва во нејзината спална соба, додека телото на нејзиниот поранешен сопруг Андреј Губатика (52) е пронајдено во близина. Телата на Коновалова и нејзиниот поранешен сопруг беа пронајдени во семејната куќа во Краснодар во саботата.

– При прегледот на телото не се констатирани видливи повреди – изјави портпаролот на Рускиот истражен комитет.

Главната уредничка на Државна руска телевизија е пронајдена мртва: ,,Не е можно, таа не се дрогираше”

Главната уредничка на руската државна ТВ компанија Кубан, Зоја Коновалова (48), беше пронајдена мртва во нејзината спална соба, додека телото на нејзиниот поранешен сопруг Андреј Губатија (52) …

– Прелиминарната причина за смртта е труење од непозната супстанца – јавува ТВ Кубан.

Медиумите јавуваат дека во куќата во Краснодар била пронајдена полимерна кеса со „прашкаста материја“, додека колегите и пријателите на Коновалова инсистираат новинарката никогаш да не се дрогира.

Се верува дека мажот и жената биле мртви најмалку 24 часа пред да бидат откриени нивните тела

Back to top button
Close