Пронајдено и телото на Алма Арази

Пронајдено е телото на мајката која се удави во Бојана со нејзините три деца, пишува Мондо. Откако претходно беа најдени телата на децата, полицијата го најде трупот на 39-годишна Алма Арази.

Телото на четиригодишното момче Ардит беше пронајдено во вторникот, недалеку од местото каде во понеделникот беше пронајдена неговата осумгодишна сестра Грејси. Телото, пак, на деветгодишната Ергеза случајно го пронајде рибар вечерта во саботата.

Алма Арази минатиот четврток со трите деца скокнала во реката Бојана од стариот мост во Скадар. Албанските медиуми тврдат дека таа се одлучила на тој чекор откако во телефонот на сопругот Ергис видела слики од неговата љубовница.

Ергис Арази, сопругот и татко на децата, беше уапсен во неделата под сомнение дека го предизвикал самоубиството на неговото семејство

Back to top button
Close