Протече преписка која предизвика скандал во Бугарија: Што му порачал шефот на дипломатијата на претставникот на ОН пред гласањето за Сребреница

Во Бугарија изби скандал поради резолуцијата на ОН за геноцидот во Сребреница, откако медиумите ја објавија преписката меѓу техничкиот премиер и министер за надворешни работи Димитар Главчев и бугарскиот претставник во ОН Личезар Стоев.

Од разменетите пораки кои протекоа во јавноста се гледа дека шефот на владата го повикува дипломатот да се воздржи од гласање за резолуцијата.

Барањето дошло од премиерот непосредно пред гласањето, на 23 мај, во кое Главчев посочува дека оваа иницијатива води до зголемување на тензиите на Балканот. Дипломатот, сепак, одбил да ја исполни наредбата, објаснувајќи дека Бугарија е коавтор на документот.

Бугарија беше меѓу 84 земји кои гласаа за.

Владата подоцна излезе со реакција дека протечената кореспонденција била само дел од процесот на донесување одлука и не ја покажува целосната слика.

Ваквиот инцидент само создава „простор за шпекулации, толкувања и манипулации на темата“, соопштуваат од Владата.

 

Back to top button
Close