Протести на Флорида поради новите наставни упатства – дека ропството им помогнало на Афроамериканците

Десетици наставници, студенти и синдикални водачи протестираа синоќа во Мајами против новите стандарди на американската сојузна држава Флорида за учење за поранешното ропство на Афроамериканците како – корисно за нив.

Новиот стандард на наставната програма бара од наставниците да ги учат средношколците дека црните робови „развиле вештини од кои, во некои случаи, би можеле да извлечат лична корист“.

Гувернерот на Флорида, Рон Де Сантис, кој се обидува да биде кандидат на Републиканската партија за претседател во 2024 година, постојано ја бранеше новата наставна програма, тврдејќи дека критичарите, вклучително и потпретседателката Камала Харис и двајцата врвни црни републиканци во Конгресот, намерно доведуваат во заблуда со интерпретирање на една реченица од обемната наставна програма.

Организаторот на денешниот протест, Марвин Дан, професор по психологија на Меѓународниот универзитет во Флорида, рече дека „новите државни стандарди што ги смисли Де Сантис нема да се толерираат во нашите училишта. Нема да дозволиме нашите деца да научат дека робовите имале корист од нивното ропство Тоа е лага!“, пренесе Бета.

Back to top button
Close