Протести во американски и европски градови против отпуштањата од работа што ги спроведува американскиот Оддел за владина ефикасност предводен од Маск
Демонстранти се собраа вчера пред салоните за автомобили на компанијата „Тесла“ во неколку американски и европски градови, протестирајќи против отпуштањата од работа, што ги спроведува американскиот Оддел за владина ефикасност предводен од Илон Маск.
Најголем дел од неговото вкупно богатство, проценето на 340 милијарди долари, е во акциите на „Тесла“, со кои тој продолжува да управува додека соработува и со претседателот Доналд Трамп, пренесуваат агенциите.
Во обид да ја загрозат продажбата на компанијата „Тесла“, демонстрантите прво се собраа пред нејзините продажни салони во Њу Џерси, Масачусетс, Конектикат, Њујорк, Мериленд, Минесота и Тексас.
Протести беа организирани и во други поголеми градови како Вашингтон, Чикаго, Синсинати и Сиетл, како и во Лондон пред продажниот салон на „Тесла“