Првата дама на Украина дојде во Белград

Првата дама на Украина, Олена Зеленска, денеска пристигна во Белград, во прва посета на висок украински функционер на Србија од почетокот на руската инвазија во 2022 година, што може да се прочита и како сигнал за оддалеченоста на Србија од Москва.

Зеленска заедно со српската колешка Тамара Вучиќ и украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба, кој исто така е во прва посета на Белград, го обиколи градот и средновековната тврдина Калемегдан, пренесува агенцијата Танјуг.

Поради традиционалните историски, верски, политички и воени врски, проруските чувства се широко распространети во Србија.

Српскиот претседател Александар Вучиќ се обидува да постигне рамнотежа меѓу кандидатурата на земјата за членство во ЕУ и врските со Русија и Кина, важни партнери и инвеститори.

Во новата српска влада влегуваат Александар Вулин, прорускиот вицепремиер и поранешен разузнавач, кој е под санкции на САД, и Ненад Поповиќ, министер без ресор, исто така поддржувач на Русија под американските санкции.

Србија постојано ја осудуваше руската инвазија на Украина во Обединетите нации и други меѓународни форуми, но досега одбиваше да се приклучи на меѓународните санкции против Кремљ, пишува хрватски Индекс.хр

Back to top button
Close