Први снимки од нападот во Њу Орлеанс: Луѓе лежат на улица, полиција на сите страни!

Автомобил влетал во група луѓе во Њу Орлеанс, а според првичните информации загинале 10 лица, додека 30 се повредени. Очевидци за локалните медиуми опишале како маж со камион налетал на луѓе, а потоа почнал да пука во нив.

Се се случило на улицата Бурбон околу 03:15 часот по локално време, јавува локалната ТВ станица WGNO. Бурбонската улица се наоѓа во францускиот кварт во Њу Орлеанс. Синоќа илјадници луѓе присуствуваа на новогодишната прослава покрај таа улица.

Утрово непознат напаѓач со возило влетал во толпата на оваа фреквентна улица.

На видеата објавени на социјалните мрежи се гледа голем број полицајци и возила на брза помош на лице место. Некои ранети лежат раскрвавени по улиците, додека безбедносните служби се обидуваат да утврдат што се случило.

Со своето возило налетал на луѓе, очевидци пријавиле и пукање

Итната помош набрзо пристигнала на местото на настанот, а улицата во моментов е затворена.

Од полицијата засега не соопштуваат ништо за мотивот за овој чин, ниту дали се работи за тероризам.

Си-Би-Ес Њуз јавува, повикувајќи се на изјави на сведоци, дека камионот со голема брзина влетал во толпата на улицата Бурбон, а потоа возачот излегол и почнал да пука, а полицијата возвратила.

 

Back to top button
Close