Психологот Ана Попризова понуди помош за средношколките жртви на Јавна соба

Психологот Ана Попризова им понуди помош на девојчињата чии слики се споделуваа во новата група Јавна соба на Телеграм и ги информира дека ќе направи посебна мрежа за поддршка.

„По ова што се покажува од содржините во Јавна соба, сакам да ги информирам сите жртви средношколки дека можат да ми се обратат за психолошка помош. Ќе направиме мрежа на поддршка!“, напиша таа на својата фејсбук страна.

Во групата која беше откриена пред два дена, повеќе од 5000 членови, повторно коментираа и споделуваат експлицитни фотографии, профили од социјални мрежи, адреси и телефонски броеви од девојки, меѓу кои и малолетнички.

Back to top button
Close