„Волстрит журнал“: Американски разузнавачи утврдија дека Путин најверојатно не наредил ликвидација на Навални

Американските разузнавачки агенции утврдија дека рускиот претседател Владимир Путин најверојатно не наредил опозицискиот политичар Алексеј Навални да биде убиен во озлогласениот брутален затворски логор во февруари, објави „Волстрит журнал“, повикувајќи се на изјавите на познавачите на ова прашање.

Сојузниците на Навални, вклучително и неговата сопруга Јулија Навални го обвинија рускиот претседател за смртта на најжестокиот критичар на Путин – обвинение што Кремљ постојано го отфрла.

По неодамнешната проценка заснована на низа информации, вклучително доверливи разузнавачки информации и анализа на јавни факти, како што пишува „Волстрит журнал“, цириран од „Скај њуз“, американските разузнавачки агенции не веруваат оти Путин ја наредил смртта на неговиот противник.

Весникот цитира извори кои велат дека наодот бил „најшироко прифатен во разузнавачката заедница и споделен од неколку агенции, вклучително и Централната разузнавачка агенција, Канцеларијата на директорот на националното разузнавање и разузнавачката единица на Стејт департментот“.

Високиот помошник на Навални, Леонид Волков, ги оценил ваквите наоди за наивни и смешни.

Back to top button
Close