Пукање пред угостителски објект и градинка во Скопје, едно лице повредено

 Во СВР Скопје изутрината во 05.45 часот било пријавено дека во близина на угостителски објект и градинка на ул. „Архиепископ Доситеј“ во Скопје едно лице пукало од огнено оружје кон К.Т (24) од Скопје, кој управувал мотоцикл, при што бил повреден во пределот на ногата.

Тој бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза““ за укажување лекарска помош.

Од МВР информираат дека увид на местото на настанот извршила увидна елипа од СВР СКопје, при што биле пронајдени шест чаури од муниција за пиштол.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Back to top button
Close