Путин ќе одговара за воени злосторства, порака од Стејт Департментот

Прашање е на време кога рускиот претседател Владимир Путин ќе биде изведен пред трибунал за воени злосторства – изјави денеска амбасадорката Бет ван Шаак од Канцеларијата за глобална кривична правда при Стејт департментот.

Ван Шак изјави за „Скај Њуз“ дека глобалната коалиција на држави и меѓународни адвокати работат заедно да изградат случај против Русија, што ќе доведе до самиот државен врв.

– Ние треба да ги поврземе сите злосторства што ги видовме на теренот во Украина, за кои имаме многу конкретни докази, со оние кои се во командите и кои контролираат – рече амбасадроката.

Back to top button
Close