Путин испрати сочувство до семејството на Пригожин

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изрази сочувство до семејството на водачот на платеничката група Вагнер, Евгениј Пригожин, пренесува Ројтерс.

Пригожин беше меѓу десетте патници и членови на екипажот на приватниот авион што вчера се урна во Русија.

Во несреќата нема преживеани, но се уште официјално не е објавено дека меѓу жртвите е и Пригожин.

Путин денеска изјави дека истрагата за авионската несреќа ќе потрае некое време.

Тој изјави дека Пригожин е „талентиран бизнисмен“ и дека го познава од деведесеттите години на минатиот век.

 

Back to top button
Close