Путин: На земјите кои ја ограничија цената на руската нафта им се забранува испорака од 1 февруари

epa10336061 Russian President Vladimir Putin delivers a speech at the 10th National Congress of Judges, in Moscow, Russia, 29 November 2022. EPA-EFE/SERGEY GUNEEV / SPUTNIK / KREMLIN POOL MANDATORY CREDIT

Рускиот претседател Владимир Путин денеска потпиша указ со кој се забранува испорака на руска нафта за земјите кои воведоа ценовни ограничувања на нафтата и нафтените деривати.

Во документот, кој е објавен на порталот за правни информации, се наведува дека испораките на руска нафта се забранети доколку во договорите директно или индиректно е наведено ограничување на цената.

Забраната за испорака на нафта ќе стапи во сила на 1 февруари 2023 година и ќе важи до 1 јули следната година, а датумот на забраната за испорака на нафтени деривати ќе го одреди руската влада, се вели во документот.

Според декретот, Путин може да даде посебна дозвола за испораки на нафта и нафтени деривати без оглед на ценовната граница.

Ограничувањето на цената на руската нафта од 60 долари за барел што го договорија ЕУ, Г7 и Австралија стапи во сила на 5 декември, како и ембаргото за увоз на руска нафта во ЕУ, со неколку исклучоци.

Одлуката за ограничување на цената на руската нафта на 60 долари за барел овозможува таа да се продава на трети земји користејќи танкери на земји од Г7 и ЕУ, ни ните осигурителни компании и кредитни институции, но само ако нафтата се продава по цена под 60 долари за барел.

Back to top button
Close