Путин под емотивен притисок на средба со мајките на мобилизираните Руси


Рускиот претседател Владимир Путин реши да ја открие и својата емотивна страна, откривајќи и на јавноста дека ќе одржи средба со семејствата на мобилизираните граѓани, меѓу кои и мајките на војниците.

„Претседателот често одржува вакви средби, но не сите се јавни. Во секој случај, претседателот добива информации од прва рака за вистинската состојба“, изјави портпаролот на Кремљ.

Путин сепак изјави дека грижата за семејствата на мобилизираните не требало да стане рутина. Тој ја нарече поддршката на воениот персонал света дожност на сите нивоа на власта.

Back to top button
Close