Путин предупредува дека судирот на Блискиот Исток може да се прошири

Рускиот претседател Владимир Путин на средбата со руските верски поглавари изјави дека не е во ред невини жени, деца и старци во Газа да се казнуваат заради туѓите злосторства, јавија британските медиуми.

-Нашата главна задача е да се запре крвопроливањето и насилството. Во спротивно, натамошната ескалација на кризата може да доведе до уште потешки, исклучително опасни и деструктивни последици. И не само за Блискиот Исток. Судирот би може да се прелее подалеку од границите на Блискиот Исток, рече Путин.

Back to top button
Close