Путин: Семејствата со деца на окупираните украински територии ќе добијат по 167 евра

 

Рускиот претседател Владимир Путин нареди денеска да им се исплати по 10.000 рубљи (околу 167 евра) на семејствата со деца на окупираните украински територии.

Според соопштението на Кремљ, ќе се исплатат семејства со деца на возраст од 6 до 18 години кои живеат во регионите Запорожје, Харков и Керсон, како и во самопрогласените Народна Република Доњецк и Народна Република Луганск.
Семејствата чии деца одат на училиште на територии под руска окупација треба да ги добијат парите до 15 септември.

Back to top button
Close