Путин: Убиството на Дугина е „подло и сурово злосторство”

Рускиот претседател Владимир Путин изрази сочувство до семејството на руската новинарка Дарија Дугина, а нејзиното убиство го нарече „подло и сурово злосторство”.

„Подло, сурово злосторство го прекина животот на Дарија Дугина, паметна, талентирана личност со вистинско руско срце: љубезна, полна со љубов, сочувствителна и отворена” наведе Путин во телеграма, јавија руски медиуми.

Дугина загина во експлозија на возило во саботата вечерта. Нејзиниот татко на Запад го гледаат како еден од „мозоците” на Путин.

Back to top button
Close