Путин вети одмазда за нападот во Казањ
Рускиот претседател Владимир Путин му се закани на Киев со одмазда по нападот со дрон вчера врз рускиот град Казањ на Волга.
-Кој ќе се обиде да уништи нешто овде, ќе се соочи со повеќекратно уништување на својата територија и ќе зажали за тоа што се обидел во нашата земја, рече шефот на Кремљ за време на телевизиската видео-конференција.
Вчера наутро, шест украински дронови погодија станбени згради во Казањ, а седмиот погоди индустриски објект. Официјално нема повредени од нападот, додека медиумите наведуваат дека три лица се здобиле со расекотини од скршено стакло од прозори.
Казан се наоѓа на повеќе од 1.000 километри од украинската граница. Иако Украина не ја презеде одговорноста за нападот, тој се смета за одговор на рускиот ракетен напад врз Киев