Рјабков: Евентуалното распоредување нуклеарно оружје на НАТО во Полска ќе биде легитимна воена цел за Русија

Евентуалното трајно распоредување нуклеарно оружје на НАТО во Полска ќе биде легитимна воена цел за Русија, изјави денеска рускиот заменик-министер за надворешни работи Сергеј Рјабков.

Во изјава за руските медиуми Рјабков наведе дека заедничките нуклеарни мисии на земјите на НАТО во близина на границата со Русија претставуваат закана за руската безбедност.

Полскиот претседател Анджеј Дуда неодамна изјави дека полските власти се подготвени да примат американско нуклеарно оружје на своја територија.

-Сите политичари кои зборуваат за таква опција во и надвор од Полска треба да знаат дека каков било чекор во таа насока нема да придонесе за безбедноста на Полска и соодветните објекти неизбежно ќе бидат цел, рече Рјабков.

Back to top button
Close