Работната група за уставни измени најави интензивирање на работата, САД и ЕУ повикуваат на национален консензус за евроинтеграциите

Работната група за подготовка на предлог иницијативата за потребата од уставни измени, за внесување на Бугарите, заедно со другите етнички заедници, што е услов за отворање на кластерите во процесот на преговори со Европската Унија, откако вчера го усвои Деловникот за работа, ќе почне да се состанува еднаш неделно, по потреба и почесто. Целта е да се изготви предлогот и да се достави до Владата во предвидената временска рамка, согласно процесите на Европската Унија.

Иако Групата нема поставено конкретно рокови, сепак, како што изјави вчера нејзината претседателка „важно е да се имаат предвид сите оние можности, кои треба да ги искористиме за да може меѓународната заедница да продолжи да работи согласно нивната агенда, во која влегуваме и ние“.

Фокусот на работата ќе биде она што значи европскиот предлог и Преговарачката рамка, односно внесување на Бугарите во Уставот, како услов за одржување на втората меѓувладина конференција и отворање на кластерите во преговорите со ЕУ. Цаца Николовска вели дека Деловникот го овозможува тоа и оти тие како група немаат неограничен мандат во однос на Уставот.

Работната група што треба да ја подготви предлог-иницијативата за измени на Уставот денеска едногласно го усвои Деловникот за работа, кој утре или задутре ќе биде објавен на сајтот на Министе

Таа вчера по завршувањето на состанокот на прашањето дали ќе се отвори темата за отстранување на „20 отсто“ од Уставот, односно во него да стои изрично албански јазик, рече дека мандатот на членовите на работната група не е неограничен, туку е во насока на европскиот предлог за продолжување на евроинтегративниот процес, во насока на решението на министерот за правда, кое, пак влече од заклучоците на Собранието и меѓународно преземените обврски на државата.

Цаца Николовска рече и дека засега не може да каже колку амандмани ќе се подготват, оти ќе се работи на Уставот во целина, односно истовремено и на преамбулата и на нормативниот дел, а одлуките во ова тело ќе се носат со мнозинство гласови.

На обединување на политичките чинители во државава околу уставните измени деновиве повикаа и САД и ЕУ, како и актуелниот претседавач со Унијата, Шведска.

Американската амбасадорка Анџела П. Агелер во интервју за МИА на опозицијата и порача дека може да се биде или „за“ или „против“ ЕУ, во однос на нејзиното барање прво предвремени избори, па потоа разговор за уставни измени. Таа нагласи дека движењето на Северна Македонија на патот кон ЕУ има временска рамка, поставена од самата Унија, односно одржување на следната меѓувладина конференција, во ноември, но со усвоени уставни измени..

-Знам и дека има такви надвор од оваа земја, а и во земјава, кои би сакале да му наштетат на тој процес на придвижување напред, а постои и временска рамка со ЕУ, како и следната меѓувладина конференција, која е важна и доаѓа во ноември, така што и тоа е дел од разговорот. Не сум убедена во тоа, но има и такви кои велат дека не ги поддржуваат уставните измени, освен ако нема предвремени избори, па потоа ќе ги поддржат. Мислам дека или поддржуваш да се направи она што е потребно за придвижување кон ЕУ или си против. И повторно се надевам дека оние, во која било партија, кои се грижат за иднината на оваа земја ќе ги донесат одлуките за да се продолжи напред и ќе ги преземат активностите што се неопходни за придвижување кон ЕУ. Сега дали тоа значи предвремени избори или не, дали ќе се случат следната пролет, не можам да предвидам, но ќе видиме што ќе се случи, а верувајте ми, гледаме многу внимателно, вели Агелер.

Поддршка за уставните измени Северна Македонија доби и во Сенатот на САД. Дерек Шоле, советникот на Стејт департментот на сослушување за Западен Балкан во Комитетот за надворешни работи на Сенатот изјави дека САД треба да ја поддржат Северна Македонија за потребните уставни промени, кои, како што рече, се политички доста тешки.

Во Комитетот се обрати и заменик-помошникот државен секретар на САД за Западен Балкан Габриел Ескобар, кој истакна дека Северна Македонија и Албанија се цврсти НАТО сојузници и корисни партнери во нормализација на односите меѓу Србија и Косово.

-За да ги продолжи своите аспирации кон ЕУ, Северна Македонија е посветена да донесе уставни промени за признавање на бугарското малцинство. Силно го поддржуваме овој тежок, но неопходен чекор, изјави Ескобар.

Шефот на Делегацијата на Европската Унија, амбасадорот Дејвид Гир, во рамките на кампањата „ЕУ со тебе“ денеска ќе ја посети општина Гостивар.

На обединување за уставните измени повикаа и евроамбасадорот во Северна Македонија Дејвид Гир и амбасадорката на Шведска Ами Ларсон Џаин. Тие во четвртокот на панел дискусија повикаа да се изгради национален консензус за евроинтеграциите на државава, како и поларизираноста во политичката дебата во Северна Македонија да се замени со конструктивен политички дијалог.

-Не сакам да навлегувам во дебатата во врска со промените на Уставот, освен да кажам дека тоа е суверена одлука на државата којашто треба да ја преземе или не, но сакам да повикам на отвореност, политичка одговорност и да се има предвид дека долгорочните цели и интереси на оваа земја и нејзината иднина во рамките на Европската Унија, порача евроамбасадорот Гир.

Шведската амбасадорка Ларсон Џаин, пак, рече дека политичката реалност треба да и дава на земјава поттик кон европскиот процес на проширување, дека ЕУ е посветена на процесот на проширување кон Западен Балкан и оти оваа посветеност не се пренесува само со политички изјави.

Премиерот Димитар Ковачевски вчера одржа редовна средба со лидерите од владината коалиција на која меѓу другото се разговараше и за евроинтеграциите и за ризиците за иднината на земјата доколку не продолжат евроинтеграциите.

Тој и вчера во изјавата по средбата и завчера во обраќањето на Централен одбор на СДСМ изрази надеж дека дека можеби ВМРО-ДПМНЕ ќе собере капацитет за да може да го согледа сето ова како целина и оти ќе се предомислат и одважат сите заедно да го  поддржат европскиот пат на државата.

Ковачевски нагласи дека во опозициската партија има поединци, пратеници, претставници на раководството кои не мислат како лидерот Мицкоски и кои сакаат да бидат дел од проевропскиот блок.

Или ВМРО ДПМНЕ ќе се приклучи кон проевропскиот блок цела, или во делови. Во секој случај, возот е тргнат и враќање назад нема. Сум го кажал ова, и ќе го кажам пак, Северна Македонија ќе оди напред и ние ќе ја исполниме нашата стратешка цел – полноправно членство во ЕУ, рече Ковачевски на Централниот одбор на СДСМ.

На барањето на опозицијата да ги каже пратениците кои би гласале за уставни измени, тој вчера рече дека никогаш во живот не правел списоци, ниту разговарал поединечно со некого, туку ставови ги кажувл јавно.

-Сметам дека опозицијата треба да се одважи овој пат, бидејќи за нив е непријатно да не учествуваат во ниту една голема одлука за државата. Вие погледнете, не го поддржаа зачленувањето во НАТО, не го поддржаа Договорот за ФРОНТЕКС. Да ги прашате зошто, не можат да ви кажат. И затоа изговорот е „не го слушнале ѕвончето“. Тоа не е убаво, непријатно е. И затоа сметам дека сега треба да се одважат и сите заедно да го поддржат европскиот пат на државата, изјави вчера Ковачевски по средбата со коалициските партнери.

Работната група за уставни измени конститутивната седница ја одржа на 26 април. Во неа иако поканети свои членови не предложија опозициските партии, меѓу кои ВМРО-ДПМНЕ. Тие остануваат на ставот дека нема да поддржат уставни измени и оти тие нема да бидат донесени за време на овој парламентарен состав.

Работната група има 23 членови од кои десет се од редот на експертите, десет се предлози на политички партии и тројца се членови од институции. Следната седница ќе ја одржат на 26 ма

 

 

 

 

 

Back to top button
Close