Рација, сеф и доверливи документи: Зошто Еф-би-ај влезе во луксузната вила на Трамп на Флорида?

Агенти на Еф-би-ај вчера извршија рација на имотот на поранешниот претседател Доналд Трамп на Флорида поради сомневање дека тој одзел доверливи документи од Белата куќа. Освен тоа, наводно искинал документи, кои како што објави Си-ен-ен ги фрлил во тоалет. Трамп ги негира овие наводи и посочува дека станува збор за претерана реакција, но Еф-би-ај ја продолжува истрагата насочена кон поранешниот претседател.

Имотот Мар-а-Лаго на Флорида е под опсада на агенти на Еф-би-ај, како дел од истрагата за можното незаконско изнесување и уништување на документи на Белата куќа по завршувањето на неговиот претседателски мандат.

Иако од Еф-би-ај не сакаа да го коментираат случајот, самиот Трамп потврди дека имало рација во неговата резиденција на Флорида.

Трамп во изјавата рече дека „неговиот прекрасен дом Мар-а-Лаго во Палм Бич е под опсада и е окупиран од голема група агенти на Еф-би-ај“.

„Дури ми упаднаа и во сефот“изјави поранешниот американски претседател.

Тој додаде дека соработувал со сите релевантни владини агенции и дека „ненајавениот упад“ во неговиот дом не бил ниту потребен ниту соодветен. Таа акција, оцени Трамп, претставува „несоодветно однесување на обвинителот“ со цел да се спречи неговата повторна кандидатура за американски претседател.

„Ваков напад може да се случи само во опустошените земји од третиот свет. За жал, Америка сега стана една од земјите што е корумпирана на досега невидено ниво“ рече Трамп

Трамп го поврзува претресот со неговата најавена претседателска кандидатура во 2024 година. Тој се случува и по серијата јавни расправи за неговата улога во настаните што доведоа до нападот на Капитол по изборите минатата година.

 

Мистериозен имот во Флорида

 

Имотот Мар-а-Лаго не е првпат во центарот на вниманието на американската јавност. Имотот, кој Трамп го купи во 1985 година, располага со замок со 126 соби со широки чардаци опкружени со совршено уредени тревници. Изграден е во 1927 година за Марџори Мериведер Пост која сакала да и го даде на американската влада во 1973. Сепак, ниту Ричард Никсон ниту Џими Картер не го користеа и тој се врати во приватна сопственост во 1981 година.

 

За време на неговиот претседателски мандат, Трамп помина многу време на својот имот на Флорида, каде што се сретна со најважните светски претставници.

Според американските медиуми, на споменатиот имот има импровизирана „ситуациона соба“, од која Трамп одобрил воен напад во 2017 година врз сирискиот аеродром што војската на Башар ал Асад го користела за да се ослободи од хемиското оружје.

Трамп преговараше и забавуваше некои светски лидери таму, вклучувајќи го и кинескиот претседател Си Џинпинг и убиениот јапонски премиер Шинзо Абе.

Меѓу неговите гости беа поранешен кинески сопственик на салон за масажа, кој подоцна беше уапсен под обвинение за проституција од висок профил, руски инвеститор баран во неговата земја за даночна измама и стоматолог кој влијаеше на размислувањето на Трамп за грижата за ветераните пишувајќи совети за политика на салфетки.

Покрај документите запленети од Еф-би-ај на имотот на Флорида, поранешниот американски претседател наводно уништил и дел од нив токму на крајот на својот мандат.

Меги Хаберман, новинарка на Њујорк Тајмс и соработник на Си-ен-ен, во својата последна книга „Доверлив човек“ објави и фотографии од документи кои завршиле во тоалетната школка

 

Back to top button
Close