Радев-Агресијата врз Бугарија и врз Бугарите е всадена кај нашиот сосед со децении.

Агресијата врз Бугарија и врз Бугарите е всадена кај нашиот сосед со децении. Кога имавме огромен притисок безусловно да дозволиме Република Северна Македонија да ги започне преговорите за членство во ЕУ, јас тогаш двапати наметнав вето и го покренав прашањето пред ЕУ за правата на македонските Бугари, дека нивните права мора прво да се гарантираат со тоа што ќе бидат запишани во Уставот на земјата, а потоа ќе се отвори патот за преговори.

Овој став се бранеше до последно. Благодарение на раководството на француското претседателство и претседателот Макрон, стана факт“.

Ова го изјавил денеска претседателот на Бугарија, Румен Радев на прашањето за негов став по нападите на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид.

Мора да се разбере од државниот врв на Република Северна Македонија, од општеството кај нашиот сосед, дека патот кон Европската Унија минува низ признавањето и почитувањето на правата на македонските Бугари, на нашето културно и историско наследство.

Ова е единствениот начин граѓаните на Северна Македонија да тргнат по патот по кој повеќепати изразија дека сакаат да одат, се разбира, со почит кон нашата заедничка историја и заедничките и длабоки историски корени, нагласил Радев, пренесуваат бугарските медиуми.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close