Радев: Декларацијата на Собранието е консезус за нашите позиции кон С Македонија, пристапот на Владата треба да се поддржи

Правата на македонските Бугари од кои многу се и бугарски државјани треба да бидат загарантирани со впишување во Уставот на државата паралелно со другите делови од народите. Тој акт заедно со механизмите за искоренување на говор на омраза и зачувување на бугарското културно и историско наследство треба да биде услов нашата согласност почеток на преговорите со ЕУ, порача бугарскиот претседател во годишното обраќање во Собранието

Предложениот пристап од Владата кон нашите соседи има потенцијал да ги динамизира дијалогот и треба да биде поддржан, оцени денеска претседателот на Бугарија Румен Радев во годишното обраќање во Собранието, во делот за односите со Северна Македонија.

Тој потврди дека постои консензус меѓу институциите за позициите утврдени во Декларацијата од Собранието за зачувување на бугарските национални интереси и позиции.

„Кога дојде до застој во исполнувањето на Договорот од 2017 година свикав средба наспроти тензичните однои со владата и постигнавме консензус за разработка на рамковната позиција прифатена со Декларација на Собранието со прецизирање и утврдување на бугарските интереси и позиции. Задоволен сум од фактот дека наспроти длабоките политички промени од тогаш после Консултативниот совет на национална безбедност демонстираравме единство и последователна конструктивност по оваа важна тема. Предложениот пристап од Владата кон нашите соседи има питенцијал да ги динамизира дијалогот и треба да биде поддржан“,рече Радев.

Но, Радев потсети дека ваквиот пристап, како што рече, не треба да ги стави во втор план проблемите за правата на нашите сонародници и заедничкото историско културно минато.

„Сакам да бидам правилно разбран: Јас сум меѓу политичарите кои посакуваат РСМ да стане членка на ЕУ. Токму затоа треба да им помогнеме на нашите соседи да ги надминат идеологизмите од тоталитарното минато и да ги исполнат критериумите за членство. Како одговорна членка на ЕУ Бугарија треба да интегрира во него партнери, а не проблеми“,

рече Радев во говорот.

Тој ја повтор позицијата дека како претседател на сите Бугари се грижи и за правата на како што рече македонските Бугари чија гаранција е еден од условите за Бугарија да даде зелено светло за почеток на преговорите на Северна Македонија со ЕУ.

„Правата на македонските Бугари од кои многу се и бугарски државјани треба да бидат загарантирани со впишување во Уставот на државата паралелно со другите делови од народите. Тој акт заедно со механизмите за искоренување на говор на омраза и зачувување на бугарското културно и историско наследство треба да биде услов нашата согласност почеток на преговорите со ЕУ,“ порача Радев.

Back to top button
Close