Радев: Доколку раководство на РСМ има желба за влез во Европската Унија, мора да ја исполни Преговарачката рамка и договорот за добрососедство

Тонот на односите, конструктивниот дијалог, прагматичен и отворен дијалог што го поставуваме со претседателката на Република Северна Македонија, Гордана Сиљановска, треба да го усвои и владата на РСМ, изјави бугарскиот претседател Румен Радев во Баку.

„Двете претседателски институции покажуваат дека дијалогот е можен, може да биде отворен, конструктивен и може да придонесува за развојот за добрососедство меѓу нашите две држави“ рече Радев.

„Не е проблемот само со навремено внесување во Уставот на Северна Македонија. Ние очекуваме владата и парламентот на Северна Македонија поскоро да го спроведат сето што е предвидено во Преговарачката рамка и во Договорот за добрососедство, за Република Северна Македонија да не губи историско време за своето членство – рече Радев.

На новинарско прашање од бугарските новинари дали гледа желба од македонска страна за членство во Европската Унија или постои друга насока на македонската дипломатија, одговори:„Сè ќе стане јасно во блиска иднина. Доколку државното раководство на РСМ навистина има желба за влез во Европската Унија, мора да ја исполни Преговарачката рамка и договорот за добрососедство. Тоа е многу јасно нагласи бугарскиот претседател Радев.

Сиљановска Давкова го дефинираше Радев како „најстабилен елемент во државата“, пренесува БГНЕС.

Двајцата го истакнаа значењето на културните врски меѓу двете земји, потсетувајќи на неодамнешната посета на македонската претседателка на Бугарија, каде што ја посети бугарската опера. Во овој контекст, Сиљановска изјави дека „вратите на РСМ се отворени“ за посетата на бугарскиот претседател. „Државата и вратите на народот се отворени за да дојдат во Скопје“, рече таа.

Back to top button
Close