Радев и честиташе на Шеќеринска
И честитам на Радмила Шекеринска за нејзиното именување на одговорната функција заменик генерален секретар на НАТО и очекувам со својата работа да придонесе за зајакнување на колективната одбрана и безбедност на алијансата“, напиша бугарскиот претседател Румен Радев на социјалната мрежа Х, пренесува Трибуна.
Поранешната министерка за одбрана на Северна Македонија Радмила Шекеринска стана нов заменик генерален секретар на НАТО.
Поранешниот холандски премиер Марк Руте ја презеде функцијата генерален секретар во октомври, а Марија Габриел исто така беше во трка за негов заменик. Уште тогаш излегоа неофицијални информации дека за позицијата ќе се бира меѓу неа и Радмила Шекеринска.
Шекеринска, која беше министерка за одбрана на Северна Македонија од 2017 до 2022 година, го надгледуваше пристапувањето на земјата во НАТО во 2020 година.
Таа ќе го замени вршителот на должноста заменик генерален секретар на НАТО, Борис Руге, кој ја презеде функцијата на привремена основа откако тогашниот заменик генерален секретар Мирча Јоана објави дека ќе се кандидира за претседател на Романија.