Радев на средба со кандидатот за премиер Николај Габровски


Претседателот на Бугарија, Румен Радев претпладнево ќе има средба со кандидатот на ГЕРБ-СДС за премиер Николај Габровски кој мора да предложи состав на Влада или да го врати мандатот.

-Тимот е речиси подготвен со луѓе кои до еден се високи професионалци, рече во петокот Габровски, додавајќи дека тој самиот ги избрал сите министри за мандатот.

Пред само една недела, според уставната процедура, Радев на Габровски му го врачи првиот мандат за формирање влада во рамки на актуелниот парламент. Тогаш кандидатот за премиер рече дека ќе вложи максимални напори да предложи кабинет.

Габровски оствари средби со ДПС, „БСП за Бугарија”, „Демократска Бугарија” и „Бугарски подем”. „Продолжуваме со промената” и „Преродба” ја одбија поканата.

„Демократска Бугарија” и БСП одлучија да на дадат поддршка додека „Бугарски подем” изрази подготвеност за дијалог, а ДПС побара да ги слушне целите, приоритетите и кадрите на евентуалната идна влада.

Back to top button
Close