Ракометарите на Еурофарм Пелистер поразени и од Келце во ЛШ

Ракометарите на Еурофарм Пелистер не успеаја да направат изненадување во шестото коло од европската Лига на шампионите и загубија со 24:21 од полски Келце.

Битолчани стартуваа лошо, во првите 17 минути постигнаа само два гола, а во 22 минута, гостите од Полска имаа и највисока предност од осум голови, или 11:3. Сепак првото полувреме заврши со 14:8, а во второто резултатската предност на гостите почна значително да се намалува.

Во периодот од 44 до 57 минута, водството на Келце беше само еден разлика (15:16/18:19/21:22), но тоа беа последните обиди на домашниот тим да приреди изненадување.

На крајот поискусниот гостински тим, предводен од Карачиќ, Душебаев и Олејченко кој постигна пет голови, ги освои бодовите во полната сала „Боро Чурлевски“ во Битола.

Дебито на Бранислав Ангеловски на тренерската клупа на Еурофарм Пелистер беше резултатски неуспешно.

Back to top button
Close