Рама: Албанија беше Северна Кореја во Европа, отворањето на преговорите со ЕУ е суштински чекор за нас 

лбанскиот премиер Еди Рама во интервју за француски медиум се задржал на отворањето на преговорите за членство на Албанија во Европската унија, оценувајќи при тоа дека „тоа е суштински чекор за Албанија, која долго време била под комунистички режим”.  

Според него Албанија била најизолирана од комунистичките земји, немала билатерални односи и размени дури и со земјите од Истокот кои некогаш припаѓале на комунистичкиот блок. 

Додал дека  Албанија била  Северна Кореја во Европа и дека отворањето на преговорите е темелна промена за неговата земја. 

-До сега не познававме правна држава, држава направена исклучиво за граѓанинот, каде судијата е судија, а власта е правилно поделена. Ова е разликата. Освен тоа, Албанија беше најизолирана од комунистичките земји. Немавме никакви односи и размени дури и со земјите од Истокот кои некогаш припаѓаа на комунистичкиот блок. Ние бевме Северна Кореја во Европа. Ова е многу длабока фундаментална промена, изјавил Рама, пренесува АБЦ њуз.

Преговорите на Албанија за членство во ЕУ беа отворени на 18 јули годинава.

Back to top button
Close