РАМА : ФРАНЦУСКО – ГЕРМАНСКИОТ ПРЕЛОГ ЗА ДОГОВОР ПОМЕЃУ КОСОВО И СРБИЈА – НАЈДОБАР ДОСЕГА

Германско – францускиот предлог за договор помеѓу Косово и Србија, е најдобар предлог даден досега, изјави денеска на сребата со новинарите во Подгорица албанскиот премиер Еди Рама , каде што се одржа заедничка седница на владите на Црна Гора и Албанија. Рама на заеничака прес конференција со неговиот црногорски колега Дритан Абазовиќ рече дека предлогот дава голема можност за решение и постигнување на договор .

И премиерот на Црна Гора Абазовиќ коментирајки ги средбите во Брисел на претставниците на Србија и Црна Гора ја изнесе оценката дека актуелниот прелог е добар , и доаде дека очекува решение .

Инаку на заедничката седница на членовите на владите на Црна гора и Албанија во Погорица се потпишани 11 договори. Меѓу најзначајните како што изјавија пред новинарите Рама и Абазовиќ е заедничката изградбата на големиот мост над реката Буна и Скарското езеро со должина о 31о метри .

К.М.

Back to top button
Close