Рама во одбрана на Курти: Не може да го напаѓате затоа што се однесува како премиер

Албанскиот премиер Еди Рама застана во одбрана на својот косовски колега Албин Курти по обвинувањата врз него по постигнувањето на договорот меѓу Косово и Србија за проблемот со регистарските таблички.

Во објава на Твитер вели дека Албин Курти не може да биде нападнат за договорот, кој е “соодветен и благодарение на кој е избегната ескалација на ситуацијата”.

Според Рама, Курти не може да биде обвинуван бидејќи се однесувал како премиер.

„Воопшто не се согласувам со нападите врз Албин Курти по правилниот договор кој за среќа го затвори повторно отворениот пат на непредвидливи случувања! Да го нападнеш Албин затоа што се однесувал како премиер е исто како да бараш отчет од него затоа што не размислува и зборува исто како кога бил во затвор“, напиша Рама доцна синоќа во објавата на Твитер.

Според албанските медиуми премиерот Курти се соочил со низа обвинувања по постигнувањето на договорот со Србија за регистарските таблички.

– Активисти на Социјалдемократската партија, симболично го гаѓаа со цреши пред зградата на Владата каде што требаше да го претстави буџетот за 2023 година. Тие фрлаа цреши кон Курти, кој потоа влезе во зградата преку таен влез, придружуван од обезбедувањето, јавија албанските медиуми.

Back to top button
Close