Расел Воут – клучна фигура зад владините реформи на Трамп
Расел Воут, директор на Канцеларијата за администрација и буџет (OМБ), е еден од највлијателните функционери во администрацијата на Доналд Трамп, наведува Блумберг во профилот за Воут објавен денеска.
ОМБ е главниот и најобемен оддел што ја спрема и спроведува извршната власт на претседателот на САД,
Изданието наведува дека покрај Илон Маск, тој е меѓу главните архитекти на реконструкцијата на федералната влада што моментално се спроведува во САД.
Воут е коавтор на „Проект 2025“, обемен десничарско-конзервативен план за реформи кој предвидува укинување на институции како Министерството за образование со зајакнување и првенство на претседателската моќ. Идеологијата што се следи според овој проект е теоријата на „унитарна извршна власт“, што на Трамп му дава широка слобода на дејствување и да постапува како што сака.
– Во Вашингтон, никој не знае подобро од Воут како работи федералната влада, изјави Стив Бенон, поранешниот советник на Трамп.
Тој исто така е поврзан со активностите на Одделот за владина ефикасност (ДОГЕ) на Маск, при што двајцата соработувале на укинување на Бирото за заштита на потрошувачи (ЦФПБ). Воут го спроведе гаснењето на оваа институција преку укинување на буџетот, затворање канцеларии и отпуштања, што предизвика тужби од синдикатите.
Иако критикуван дури и од Маск, Воут се смета за еден од најпаметните и највлијателни актери во новата структура на владата предводена од Трамп, наведува изданието.