Рашфорд би можел да пропушти втор натпревар по ред

Тренерот на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хег, информира дека еден од најдобрите фудбалери во неговиот тим, Маркус Рашфорд би можел да го пропушти натпреварот против Борнмаут во 37. коло од Премиер лигата.

 

-Рашфорд добро тренира цела недела, но вчера пријави дека е болен. Да видиме како ќе закрепне. Денес ќе видиме, изјави Тен Хаг.

Напаѓачот го пропушти натпреварот од 36. коло на Премиер лигата против Вулверхемптон (2:0).

 

Оваа сезона, 25-годишниот Рашфорд забележа 53 настапи за Манчестер јунајтед во сите натпреварувања, постигнувајќи 29 гола и 11 асистенции

Back to top button
Close