Рашфорд се збогува со Барселона

 Фудбалерот на Манчестер јунајтед, Маркус Рашфорд, се збогува со Барселона, каде што играше на позајмица сезоната 2025/26.

– Неверојатно сум благодарен на сите во клубот што го направија мојот престој тука толку позитивно и незаборавно искуство. Уживав во секој момент и носам многу посебни спомени со мене. Им посакувам на клубот и на сите негови фанови многу среќа и голем успех во претстојната сезона, напиша Рашфорд на социјалните мрежа.

Во сезоната 2025/26, Рашфорд постигна 14 гола и имаше 14 асистенции во 49 натпревари за Барселона во сите натпреварувања. Шпанскиот клуб одлучи да не даде трајна понуда за напаѓачот.

Трансфермаркт ја проценува вредноста на 28-годишниот Англичанец на 40 милиони евра.

Back to top button
Close