Рашкоски бара Рускоска да сведочи, а ќе и поднел и кривична за монтиран случај

Мислам дека е крајно коректно ако некој застане зад некој обвинителен акт и тврди дека е така, да се соочи во најмала рака со главниот обвинет во случајот – јас и да ги вкрстиме аргументите , а од друга страна да и биде предочено на сите инкриминирачки дејствија кои што според нас таа ги има направено допдека ја вршела истрагат, изјави Рашковски за новинарите по завршувањето на денешното рочиште, кое беше одложено поради болест на еден од останатите обвинети во случајот „Софтвери“, пренесе 360 Степени.

Поранешниот генерален секретaр на Владата, Драги Рашковски, сега обвинет во случајот „Софтвери“до судот поднесе предлог како сведок да биде повикана шефицата на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) во заминување, Вилма Русковска за да се соочи со неа во судницата и да докаже дека целиот процес против него е монтиран.

Тој, одговорајќи на новинарско прашање најави и кривична пријава против обвинителката Русковска.

„Со нејзиното сведочење апсолутно од самиот почеток до самиот крај додека беше обвинител до вчера ќе докажеме како судскиот процес и целокупната постапка и не само судскиот процес туку и внатре во рамките на Обвинителството е местена целокупната истрага, целокупното поднесување на обвинителниот акт итн. Мислам дека е крајно коректно ако некој застане зад некој обвинителен акт и тврди дека е така, да се соочи во најмала рака со главниот обвинет во случајот – јас и да ги вкрстиме аргументите , а од друга страна да и биде предочено на сите инкриминирачки дејствија кои што според нас таа ги има направено допдека ја вршела истрагата“,

 

изјави Рашковски за новинарите по завршувањето на денешното рочиште.

Прашан дали ова може да се протолкува како најава за кривична пријава против Русковска, Рашковски децидно одговори: „Апсолутно“.

 

Инаку, денешното рочиште, на кое, меѓу другите повикани сведоци, требаше да севдочи и државниот правобранител, беше одложено поради болест на обвинитетиот Даниел Станчев.

 

Неговиот адвокат до судот приложи лекарска потврда дека тој е упатен на специјалистички преглед на Клиниката за инфективни болести, оти прима инфузиона и таблетарна терапија и треба да направи тест за ковид 19.

 

На рочиштето денеска беше присутна Елена Саздовска, како претставник на Државниот правобранител.

 

Следното рочиште е закажано на 29 ноември, до кога треба да заврши и боледувањето на обвинетиот Даниел Станчев.

Вилма Русковска, пак повеќе не е шеф на ОЈО ГОКК, откако на вчерашните први непосредни избори за раководител на ова, најмоѓно Обвинителство во државата беше избран јавниот обвинител од гостиварското Вишо јавно обвинителство, Ислам Абази, кој доби мнозинска поддршка од своите колеги обвинители.

Повеќе

Back to top button
Close