Раст на инфлацијата во Србија, зголемување за 15 отсто од октомври лани

Цените на производите и услугите за лична потрошувачка во Србија во октомври 2022 година се зголемени во просек за 1,9 отсто во однос на септември, додека во однос на истиот месец лани се зголемени за 15 отсто, објави денеска Републичкиот завод за статистика.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, октомвриската инфлација во однос на декември 2021 година забележа раст од 13,5 отсто, се наведува во соопштението.

Цените на енергентите продолжуваат значително да ја „туркаат“ инфлацијата нагоре. Така, струјата, гасот и другите горива се поскапи за 19,2 отсто во однос на лани во октомври, додека цврстите горива – јагленот, пелетите и дрвото се поскапи за 48,9 отсто. За една година храната е поскапена за 23,9 отсто.

Меѓу „рекордерите“ по поскапувања се млекото, млечните производи и јајцата, за кои официјалната статистика наведува дека поскапеле за цели 39,6 отсто.

Потоа следи поскапување на рибата за 25 отсто и лебот и житариците со поскапување од 23,5 отсто.

Зеленчукот за една година поскапел за 22,3 отсто, кафето, чајот и какаото со поскапување од 21,7 отсто, а месото е поскапено за 19,3 отсто.

Услугите за сместување во хотелите се поскапи за 37,1 отсто. Реалната станбена кирија е повисока за 27,3 отсто, а средствата за одржување на станот се поскапени за 23,3 отсто, додека медицинските услуги (неболничките) поскапеле за една година за 13 отсто.

Поправката на мебелот, осветлувањето и патосниците за 12 месеци бележи раст на цените од 18,5 отсто, додека употребата и одржувањето на возилата поскапено е за 15,1 отсто, а горивото и мазивата за патнички возила поскапеа за 17,5 отсто.

Споредено со ланскиот октомври, поевтини се, исто како и во август и септември – само услугите за авиопревоз на патниците- за 0,2 отсто.

Потрошувачките цени во октомври годинава, во однос на септември 2022 година, се зголемени во просек за 1,9 отсто, се наведува во соопштенеито.

Во октомври најмногу на месечно ниво пораснале цените на рестораните и хотелите, за 4,1 отсто, потоа храната и безалкохолните пијалоци (3,5 отсто), облеката и обувките (2,2 отсто), опремата за стан и тековното одржување (1,7 отсто) и домувањето, водата, електричната енергија, гасот и други горива (1,5 отсто

Back to top button
Close