Разговор Рубио – Нетанјаху: Поддршката на САД за Израел останува главен приоритет

Американскиот државен секретар Марко Рубио имаше телефонски разговор со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, при што истакна дека поддршката на САД за Израел останува главен приоритет за новата американска администрација.

„Постојаната поддршка на САД за Израел е главен приоритет за американскиот претседател Доналд Трамп,“ се наведува во соопштението на Стејт департментот.

Рубио му честиташе на Нетанјаху за „успесите на Израел против Хамас и Хезболах“ и вети дека ќе работи неуморно за ослободување на сите преостанати заложници кои се држат во Газа, се додава во соопштението

Back to top button
Close