Разрешен првиот човек на ЕСМ продажба: На сопственикот на локален маркет, по само еден месец, му заврши директорската функција

По месец ипол директорување, Електрани на Северна Македонина го разреши првиот човек на подружницата која е задолжена за купување на увозна електрична енергија за потребите на државното електростопанство и ги продава нејзините вишоци на струја. Мирсад Црновршанин за директор на подружницата ЕСМ продажба беше именуван на 1 септември со мандат од една година. Тој е инаку од прилепско Лажани, сопственик на локален маркет.

За нов директор е назначен Златко Пиперковски, поранешен директор на РЕК Осломеј, разрешен од таа функција пред една година.

Досега како директори на ЕСМ продажба се сменети четири лица. На оваа позиција беа и Александар Обрадовиќ, поранешниот советник на поранешниот премиер Зоран Заев и Синиша Ивановски, поранешниот директор на ЕЛЕМ трејд.

Во последниот период ВМРО-ДПМНЕ речиси секојдневно ја критикуваше работата на ЕСМ продажба за, според нив, манипулативната продажба на ноќни вишоци на електрична енергија на привилигирани трговци по цени кои се пониски од берзанските.

Back to top button
Close