Реакции по смртта на кралицата од Јапонија, Кина, Индија и Пакистан

Јапонскиот премиер Фумио Кишида со тага реагираше на смртта на британската кралица Елизабета Втора, нарекувајќи ја „голема загуба“ за меѓународната заедница.

Изразувајќи го своето сочувство до кралското семејство и британскиот народ, Кишида рече дека кралицата „играла значајна улога во создавањето мир и просперитет во светот“, истакнувајќи дека покојниот монарх исто така „многу придонесе“ за зајакнување на односите меѓу Велика Британија и Јапонија.

Елизабета Втора беше првиот британски монарх што ја посети Јапонија во мај 1975 година, кога се сретна со императорот Хирохито во царската палата во Токио.

И кинескиот претседател Си Џинпинг изрази сочувство по смртта на кралицата Елизабета Втора.

– Си Џинпинг, кој ја претставува кинеската влада и кинескиот народ, како и во свое име, изразува длабоко сочувство. Нејзиното заминување е голема загуба за британскиот народ, се вели во соопштението.

Во соопштението се нагласува дека Џинпинг „придава големо значење на развојот на односите меѓу Кина и Велика Британија“.

Индискиот премиер Нарендра Моди вели дека чувствува „болка“ поради смртта на кралицата.

Кралицата „и обезбеди инспиративно лидерство на својата нација и народ“, напиша Моди на Твитер, додавајќи дека „персонифицирала достоинство и пристојност во јавниот живот“.

Во Пакистан, претседателот Ариф Алви ја нарече кралицата „голем и благотворен владетел“.

– Таа ќе биде запаметена со златни зборови во аналите на светската историја, нагласи тој

Back to top button
Close