Репортери без граници: Зголемен бројот на новинари во затвори, годинава 533

Бројот на  новинари во затвори годинава е 533, се наведува во годишниот извештај на невладината организација „Репортери без граници”. За споредба, лани бројот на новинари кои завршија во затвор беше 488.

Зголемен е и бројот на убиени новинари. Годинава се 57. Лани беа 48, а во 2020 година – 50.

Повеќе од половина од случаите на новинари во затвор оваа година (податоци од 1 декември) се во 5 земји: Кина (110 случаи), Мјанмар (62), Иран (47), Виетнам (39) и Белорусија (31).

Во извештајот се истакнува дека иранските власти затвориле голем број новинари во последните 20 години, откако Исламската Република беше зафатена од масовни протести кои започнаа во септември.

Во извештајот на невладината организација се наведува дека годинава биле затворени 78 новинарки. За споредба, лани таа цифра била 60.

Back to top button
Close