„Решете си го проблемот“, ѝ рекоа полицајците на Ивана – Мартин Саздов сведочи за кобниот 2 март, кога згаснаа животите на Ивана и Катја
Сведокот Мартин Саздов во судница сведочи што се случило два часа пред трагичниот настан кога Ивана и Катја починаа со пад од балкон, а Ивана ја повикала полицијата во близина на Кривичниот суд за да пријави дека Стојанче ја тепа.

Според него, полицијата дошла, извршила службен разговор и со Ивана и со Стојанче и им рекле „да си го решат проблемот“ а ако уште еднаш Ивана пријави, ќе добиела кривична пријава за „лажно пријавување кривично дело“.
Саздов рече дека во една ситуација самиот отишол во полициската станица „Пролет“, да пријави дека Стојанче ја напаѓа Ивана, но таму му рекле „кој си ти да пријавуваш“. Саздов во судницата даде изјава дека Ивана немала пари, Стојанче ѝ ги земал, ако купела нешто за јадење за Катја, Стојанче го земал јадењето и го фрлал. Според Саздов, Стојанче не придонесувал за издржувањето на Катја, не плаќал никакви сметки, ниту купувал храна, за сè, вклучително и за кредитот се грижела Ивана и под присила му го препишала својот дел од станот со фалсификат документ кој го изготвил. Ивана му кажувала на Саздов дека не сака Катја да расте со Стојанче.
…




